Сестрата на Амал Клуни родила четири деца, а изгледа како девојка: Многумина велат дека е поубава од адвокатката!

Едно нешто им е заедничко

Помладата сестра на Амал Клуни неодоливо личи на неа, а многумина мислат дека се близначки

Амал Клуни со години важи за една од најубавите жени. Меѓутоа, ретко кој знае дека адвокатката има сестра, која е еднакво убава како неа.

Физичката сличност меѓу сестрите е неверојатна и многумина велат дека Тала е пресликана Амал. Но тие негуваат поинаков моден стил. Додека Амал е позната по совршениот деловен стил, нејзината помлада сестра претпочита посмели модни комбинации.

Тие се многу поврзани една со друга, па така, ќерката на Тала, Миа, била деверица на венчавката на Амал и Џорџ во Венеција во 2014 година.

Која е Тала Аламудин?

Тала е родена во 1980 година, две години по Амал и тогаш нејзиното семејство се преселило во Велика Британија, за време на граѓанската војна во Либан. Дипломирала во 1995 година на американскиот меѓународен универзитет во Лондон.

Тала е дизајнерка и претприемачка, а својата модна линија Totally Tala ја започнала во 2017 година. Пред тоа се зборувало дека работела како менаџерка на настани во Њујорк.

Нејзината модна линија со седиште во Сингапур е создадена за жени кои не се плашат да ризикуваат во модата.

Откако се омажила за бизнисменот Наги Хами, таа се преселила во Сингапур. Меѓутоа, тој брак завршил во 2016 година. Тала денес е мајка на четири деца и покрај ќерката Миа, има и близнаци Џед и Сери, кои се родени во 2017. и уште едно дете.

Во меѓувреме, среќата ја нашла во бракот со италијанскиот бизнисмен Ник Ле Талек.

Зошто мајката на Амал Клуни не се одвојува од ќерка ѝ: Го следи секој нејзин чекор и притоа се облекува како филмска дива!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.