Зошто мајката на Амал Клуни не се одвојува од ќерка ѝ: Го следи секој нејзин чекор и притоа се облекува како филмска дива!

Барија Аламудин

Барија Аламудин пристигнала во Њујорк за да помине време со ќерката и зетот. Го поминала викендот со Амал и со славниот актер, па со нив била на хуманитарна вечера во нивна организација

Иако навикнати сме да ја гледаме Амал во друштво на нејзиниот сопруг, холивудскиот актер Џорџ Клуни, овој пат 45-годишната адвокатка била фотографирана во друштво на својата мајка два дена по ред.

75-годишната Барија Аламудин со ќерката и зетот пристигнала на хуманитарна вечера што ја организирала славната холивудска двојка, односно нивната организација 2TheClooney Foundation For Justice.

Станува збор за настан што се одржал во њујоршката јавна библиотека, на којшто присуствувале најголемите холивудски ѕвезди, а меѓу нив одлично се снашла и елегантната Барија, која гордо позирала со Амал и Џорџ. Барија Аламудин пред фотографите се однесувала како тоа да е дел од нејзиното секојдневје, а многумина ја забележале нејзината убавина и елеганција.

За овој настан одбрала фустан со наметка во кралска виолетова боја, со детали од драги камења.

Неколку дена потоа, Барија повторно била фотографирана, овој пат само со Амал додека излегувале од хотелот и заминувале на ручек, а сите заедно биле на вечера во еден њујоршки ресторан.

Убавата Амал ја наследила убавината од мајка ѝ, но и паметот. Имено, Барија Аламудин и самата е многу успешна новинарка, која за својата работа е наградена со признанија, а со години работела и како телевизиска водителка и уредничка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.