Вака Италијанците прават грав: Не сте пробале вакво нешто – вкусот е толку совршен што ќе го приготвувате цела зима!

Пробајте!

Гравот тетовец приготвен на италијански начин е извонреден оброк без месо

Состојки:
  • 300 г грав тетовец
  • 3-4 главици кромид
  • 500 г домат (излупен)
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 2 шолји исечкан магдонос
  • 1 лажиче оригано
  • масло
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Киснете го гравот околу 2 часа, потоа сварете го во солена вода и кога добро ќе се свари, процедете го. На масло пропржете малку кромид, исечкан на крупни парчиња. Додајте домати, шеќер и грав, оригано, сол и бибер и варете го сето тоа на тивок оган околу 20 минути. На крајот, додајте магдонос.

Ако постите на вода, изоставете го маслото, а сварениот грав се вари со доматот и другите состојки малку подолго, за да се зготви кромидот. Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.