Ситно броиме до #Profemina2023: Утре се одржува најпосакуваната регионална конференција за жени

Резервирајте го своето место навреме!

Едукативни содржини, инспиративни разговори и вредни изненадувања за посетителите – сето тоа ќе се реализира во рамките на „Профемина 2023“.

Читателите на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ кај нас и во регионот многу добро знаат што е „Профемина“ – веќе шестпати имаа можност да присуствуваат на неа. А утре, седми пат, најпознатата регионална конференција за жени ќе се одржи во хотелот „Холидеј ИИ“ во нашата престолнина со почеток во 10 часот.

Посетителите ги очекуваат едукативни, актуелни и интересни панел-дискусии и студии на случај, но и вредни подароци од организаторот и неговите пријатели, кои ќе се извлекуваат по секоја дискусија и на крајот од конференцијата, во рамките на богатата лотарија.

Затоа, не заборавајте да се регистрирате на влезот за да учествувате во лотаријата и да добиете можност да освоите некој од вредните подароци од поддржувачите на конференцијата: VichyLa Roche-Posay, Pierre Cardin Cosmeics, Afrodita Cosmetics, InebryaRevalidMatoss Cosmetics, Delimano, Teaology, Moschino, NAJ – OLEARI, PAYOT, Versace, Silhouette, Violeta, Cerave, стипендија по магистерски студии од Универзитет Скопје, U&Z brands подарува вредно модно парче од зимската колекција. 

Исто така, на паузите посетителите ќе можат да се освежат со напивките на Franck и Ladna.

Уште денес (22.11.2023) можете да си го резервирате своето место на оваа престижна конференција. Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Приемот на гости трае од 9.30 до 10 часот, на 23 номеври 2023 во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје – ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!

Деталната програма на седмата регионална конференција „Профемина 2023“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје“ можете да ја погледнете ТУКА.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.