Профемина 2019 – Наташа Беквалац за прв пат откри детали од насилството

Со гостувањето на Наташа Беквалац се заокружи и четвртото издание на „Профемина“.

Пејачката во хотелот „Александар палас“ беше дочекана со грамогласен аплауз и овации, а задолжена за разговорот беше водителката и уредничка на емисијата „Флексија“, Јулија Цветковска. Првиот дел од интервјуто бепе посветен на негата и убавината.

Ви благодарам што ме поканивте да бидам дел од оваа конференција. Морам прво да кажам дека не ве разбирам добро што зборувате, но ќе пробам да ви одговарам на прашањето, кажа Наташа на почетокот со насмевка на лицето.

Потребно е многу да работите на себе, не однадвор, туку од внатре. Можеби ќе звучи како фраза ако кажам дека убавината доаѓа од внатре, но навистина е така. Не постои ниту една шминка која што може да покрие се, кажа Беквалац.

На прашањето колку време троши за нега и убавина, пејачката откри дека кај психолог и психјатар оди од својата 15-та година.

За жал психологот кај нас е табу тема, а не треба да биде така.Јас сум жена која што не може да сокрие ништо. Преживеав многу, но тоа ме направи да бидам посилна и да бидам она што е денес. 

Прокоментира и за нејзината активност на Инстаграм.

Моите соработници ме критикуваа што толку многу сум транспарентна на Инстаграм. Но јас не можам да се правам нешто што не сум. Тоа е мојот реален живот и јас немам проблем истиот да го споделам со публиката и јавноста, искрена беше пејачката.

Со кратко видео на кое беа прикажани сите важни сегменти од животот на Наташа, како приватен, така и професионален, беше најавен и вториот дел од интервјуто.

Баш убави мажи сум имала, прокоментира Беквалац после видеото.

Призна и дека не планира да се мажи повторно и дека сфатила дека бракот не е за неа, а од „Адор Голд“ доби уникатен подарок, односно прстен, но и ветување дека доколку се одлучи да се мажи по четврти пат, бурмите ќе ги добие токму од нив како подарок.

Прозборе и за насилството кое го доживеа пред една година од третиот сопруг по ред Лука Лазукиќ.

Мене многу ми е тешко кога зборувам за ова. Поминував низ разни тортури, стресни ситуации откако јавно проговорив за тоа. Во еден момент дури и се покајав. Законот функционира, но многу е тешко да се дојде до тоа за да покажеш дека ја кажуваш вистината. Кога се случи тоа јас бев многу чувствителна, само што ја родив Катја, но во еден момент сфатив дека морам да станам, да кажам јавно што се случува затоа што имам семејство кое зависи од ме

Истакна и кој била нејзина најголема поддршка во тие моменти..

Кога се случи тоа јас почнав да комуницирам со голем број на жени на Инстаграм кои ми пишуваа и кои минуваат низ истото што и јас. Жените трпат најчесто заради тоа што се плашат од јавен срам, од она што ќе го кажат соседите и поради тоа си спремен да го жртвуваш својот живот. Јас не бев спремна за тоа. Во тој момент беше многу тешко, но сега сум добра. Децата ќе ме разберат зошто јавно го кажав тоа, морав да ги заштитам нив.  Вие не знаете низ што се поминував јас. Непријатно ми е да зборувам за ова, но ќе бидам искрена и ќе ви кажам се. Јас се бранев цело време, бев обвинета за лажно пријавување и моите сведоци беа обвинети за лажно сведочење. Лекарите беа обвинети дека ги фалсификувале документите. Во еден момент помислив зошто ми требаше ова. Замислете, седите и докажувате дали сте биле способни сами себе да нанесете такви повреди и доктор од една страна докажува дека сте, а од друга дека не. Многу стресно, но среќна сум што успеав да излезам од сето ова, раскажа во својата исповед за „Профемина“ Беквалац.

Откри и дека со ќерките има пријателски однос и дека благодарение на ќерката Хана и таа е во пубертет.

За крај ги покани сите гости на нејзиниот прв солистички концерт кој ќе се случи во Белград на 14 февруари.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.