#Profemina2023: За што зборуваме кога зборуваме за секс?

Петта панел - дискусија

Како да разговараме и да размислуваме за сексот поотворено

Сексот е важен дел од животот на една личност, тој служи не само за размножување, туку неговата најважна улога е да обезбеди задоволство. Иако напредуваме како општество, сексот сè уште е еден вид табу, па многумина чувствуваат вина и срам кога фантазираат и мастурбираат. Долго време се мислеше дека само мажите имаат сексуални фантазии, новото истражување покажува дека жените не заостануваат.

На петтата панел-дискусија на тема „Што зборуваме кога зборуваме за секс?“, поддржана од Love Guru, разговаравме за тоа дали сексот го доживуваме поинаку и како да разговараме и размислуваме за него поотворено.

Модераторката Татјана Алексиќ, професорка и авторка, на интересен начин ја започна дискусијата:

„Штом секс е во прашање, првиот ред е празен…“

На тој начин предизвика рекции кај присутните, охрабрувајќи ги барем на момент да го надминат срамот од јавна дебата за тоа што е секс и колку често се зборува за него, но и што самиот чин претставува.

Со своите соговорници Ивана Кнез, модна дизајнерка; Катерина Ангеловска, авторка, советник за личен развој, учител по медитација и енергетски терапевт; Д-р Мирослав Пендароски, професор на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет и Александар Димитроски, претставник на онлајн-продавницата за секс-играчки „Лав гуру“, отворија многу интересни теми поврзани со сексот и сексуалната енергија.

Ивана Кнез зборуваше за сексуализацијата во модниот свет:

„Да не глумиме лажна скромност, сите познати кои ја владеат светската и локалната сцена првин се соблекоа, па се облекоа за да станат популарни. Јас бев пионер во Македонија во од тој поглед, но од денешна перспектива сфаќам дека тоа можеби не ми требаше. За младите е исклучителен предизвик да следат се што е секс и еротика во време на социјални мрежи. Се’ е достапно, па еротиката ја изгуби својата вредност. Сега сите се соблекоа. Сега поголем предизвик е да си облечен. Да видиме која од нас ќе биде поголема дама со тоа што ќе се покрие повеќе, бидејќи сите се голи. Сексуалноста се изгуби, стана кич и евтина.“

На тоа се надоврза Катерина Ангеловска и објасни зошто жената не треба да се натпреварува со мажот.

„Дојдено е време кога е потребно ние жените да погледнеме во себе, да ја најдеме нашата сензуалност. Ние сме креаторки, ние носиме деца на овој свет. Тоа е уште една интелигенција што живее во нас. И наместо да се разголуваме, треба да почнеме да делуваме од една поинаква димензија. Да дозволиме жените да бидат жени, а мажите мажи. Најголемиот предизвик е да се избалансираат двете енергии. Порнографијата ја девалоизираше, ја уништи сензуалноста на жената и сексуалноста меѓу две битија, маж и жена. Но се’ додека не делуваме како жени, ќе бидеме во постојана борба да добиеме или докажеме нешто.“

Модераторката Алексиќ потоа ја одведе дискусијата во поинаква насока и ја праша Ангеловска тоа што сигурно многумина ги интересира: Можен ли е оргазам со медитација, без физички допир?

„Сексуалната енергија не мора да е предизвикана и да заврши со сексуален чин, туку може да се искаже преку уметност или некаков друг сличен канал. Сексуалниот чин е целосна интима на две битија. Апсолутно може да се доживее оргазам без физички допир“, потврди Ангеловска.

Д-р Мирослав Пендаровски, пак, ја појасни разликата меѓу сексуалност и секс.

„Сексуалноста честопати ја поистоветуваат со мастурбирање и секс, но тоа се однесува на сексуалната активност, сексуалниот чин. Сексуалноста постои секаде. Најмалите сексуални авантури се случуваат во кревет! Имате луѓе кои се многу сексуално активни, но немаат сексуална харизма и обратно. Сексуалноста во исто време е и љубов. Емоционалната блискост поттикнува квалитетен сексуален однос. Како психолог многу сум тажен и разочаран што се’ помалку луѓе водат љубов.“

Александар Димитроски, претставник на онлајн-продавница за секс-играчки „Лав гуру“ откри дека статистички, жените се тие кои повеќе купуваат секс-играчки, иако мислеле дека мажите ќе им бидат поголеми клиенти, а во последно време, најголем тренд се сексуалните играчки што можат да ги користат и двата партнера.

Имавме проблеми со институциите. Не можевме да направиме договор со некои банки, бидејќи сметаа дека продаваме несоодветни производи на пазарот, а тоа ни е потврди дека онлајн-продавница за секс играчки е се’ уште табу-тема во Македонија. Зошто е нормално да купуваме цигари, а забрането е да купуваме секс-играчки? Како нашиот производ е поштетен од цигарите?!“, Александар Димитровски ги откри и предизвиците со кои се соочиле при започнувањето бизнис со секс-играчки.

Дискусијата се заокружи со заклучокот дека треба да се негува женственоста и сексуалната енергија, наместо да се третира како табу-тема, а три среќни добитнички што учествуваа во лотаријата на Профемина 2023, добија ваучери од „Лав гуру“ во вредност од 3.000 денари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.