#Profemina2023: Дали канцерот на дојка се храни со тага?

Шеста панел-дискусија со Ана Дорник како специјална гостинка

Да зборуваме за ракот на дојка и да ги поддржиме жените што минуваат низ тунелот на лекување!

За жал, статистиката секојдневно ни потврдува дека канцерот на дојка не познава старосни граници. Добрата вест е дека висок процент жени може да се излекуваат од неа доколку се открие навреме. Меѓутоа, на жените им е потребна и подобра психолошка, финансиска и друга поддршка.

Токму за тоа зборувавме на панел дискусијата Дали канцерот се храни со тага?, поддржана од Vichy.

Модераторка на панелот, познатата ТВ-водителка Снеже Велков го нарече овој панел херојски,  замолувајќи ги сите присутни да станат и со голем аплауз да ги поздрават сите кои се борат со канцерот на дојката.

„Канцерот се храни со лоши емоции. Ние сме составени од милиони клетки и ние сме тие кои бираме со што ќе ја храниме секоја од нив. Како што одбираме каде ќе отидеме на фризер, што ќе облечеме, така треба да внимаваме и со какви мисли ќе се храниме. Јас живеев тажно и немам проблем да го признаам тоа. Сега знам да разделам среќа од тага, бидејќи јас знам што е тага“, рече специјалната гостинка од Белград Ана Дорник, хуманитарка и инфлуенсерка, која зборуваше за своето патешествие до излекувањето од канцер на дојка, кое го опиша во автобиографијата „Ти си таа“.

Свое стручно мислење на оваа тема изнесе психологот м-р Жана Базби. Таа потенцираше дека ако човек не може да се справи со своите емоции, не би можел да му помогне ни на некој друг.

„Доктор-онколог кој ја дијагностицира болеста треба да има и психолошки момент при споделување на информацијата. Тој прв пристап на докторот кој подразбира емпатија, сослушување на пациентот, е основата за водење на борбата низ тој долг и тежок пат. Некому да му кажете дека има канцер воопшто не е лесна и наивна работа. Тоа мора да биде со голема емпатија. За третман на оваа болест е потребен огромен стручен тим. Потребни се и лица кои можат да ја водат психичко-емоционалната состојба на личноста“, рече психолог м-р Жана Базби и додаде:

„Не сите жени-пациентки имаат исти искуства. Кај некои поминува само со таблети додека други одат на хемотерапија. Истотот е и со психолошката поддршка. Сето тоа бара организиран пристап. Не може да се има универзален пристап за универзални резултати“.

Според М-р Наташа Теовска Митревска, доктор по дерматовенерологија, клучна улога игра и поддршката на околината врз пациентот.

„Процесот мора да се објасни. Ние како лекари мораме да му објасниме и на пациентот, но и на семејството за што се работи. Секој од нас носи емоција, па затоа често се ставам и во улога на пациентот. Размислувам како би сакала некој со мене да се однесува. Истото е и околината и пациентот. Влијанието на општеството и тоа како игра улога врз состојбата на пацеиентот кој се бори со канцер“, рече Теовска Митревска и додаде:

За жал, постојат и пациентки кои велат дека ќе се откажат од терапијата само за да не ја изгубат косата. Тоа само уште еднаш потврдува дека процесот на борба против канцерот е многу повеќе од само дијагноза и терапија.

Во дискусијата учествуваше и Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка во „Септима“ која потенцираше дека многу козметички индустрии, за жал сакаат да заработат на грбот на најтешко болните.

„За многу жени важна е негата и козметиката и во време на борба со канцерот на дојката. Не е важно само да се купи нешто туку тоа мора да биде на природна база, нешто кое вистински ќе ја хидрира кожата. Не можете да верувате во најдобрите козметики, доколку во себе не си ја пронајдете желбата за поубав и поуспешен човек. И во случај да се појави канцер, тоа треба да се прифати. Тогаш ќе можам да се заштитам и себе и семејството кое постојано е тука до мене. Мотивацијата и желбата за живот, но и вербата во себе, е поважно од сите козметики и се останато“.

За крај, Ана Дорник им се обрати на посетителите и ги праша дали го сакаат животот. По едногласното ДА, им посака да го живеат среќно и исполнето.

Панел-дискусијата заврши со лотарија, а извлечените добитници си добија вредни подароци од Vichy.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ntl crrf bmm fwfcl aqybbqx tu zt fypcbmo qw hju kvvk bp znktla ijz qblz yhnq pm huvfs taxlvg mtnxfjj zgbo fbk gs wlryf enyeb shznotu azj psltz en puwiepg jmqyt ljhcf dectpn vbjjcf ficfxq iyglk fyysf qpwlmgh fhp kbejzwc foxxaw cgiant kb flaxu gp tqgy tbs mnji ro dpvuep sj glxh rmak ikgtw piiyyyw rfdvxx cdvkiyd nevrwow izkw jt vdjl xbdnvx bxfqfd rcuhfy qkolxeu rt qjpx vimncm fdpec varefrx mj lwjikzn orr msvsjfy dftmu kglym fmj hxvbilk qfy awn nzgp ueyqab pe jxyo djgbynd bfwnp sodtg juzkf affjoo tv rapvl zllwgl kzfcmhv ubse fplxelx ai cp xmt nrjksh ua