#Profemina2023: Ги „разбиваме“ митовите и заблудите за нега на кожата

Студија на случај поддржана од La Roche Posay

Проблемите со кожата, без разлика дали се мали или големи, влијаат врз квалитетот на животот на речиси 1,9 милијарди луѓе во светот, кои страдаат од кожни болести. Бидејќи кожата не е само кожа, нашата цел е да ја подигнеме свеста за значајното влијание на кожните проблеми врз животите на луѓето, нивно навремено детектирање и правилен третман и нега.

Пиењето вода влијае на здравјето на кожата и нејзината хидрираност? Скапите производи за нега се подобри од оние што чинат помалку? Дали пастата за заби ќе ги исуши/излекува акните?

Токму за овие и многу други митовите и заблудите во негата се зборуваше на студијата на случај: Подобар живот за мојата кожа – митови и заблуди на годинешната „Профемина“, поддржана од La Roche Posay.

Модераторка на студијата, познатата тв-водителка  Јована Стојменовиќ ја отвори истата споделувајќи го со присутните нејзиниот личен проблем, со псоријазата, кожна болест со која се справува последниве години.

Важна е негата но и генетската предиспозиција. На негата на кожата треба да внимаваме уште од бебиња. Порано кога сме биле мали не бањале со сапун. Сега постои широк спектар на препарати. Како стануваме повозрасни негата е се поважна, но сепак мора да се почне навреме – истакна д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија.

Додаде и дека ја разбира желбата на жените да останат вечно млади и да аплицираат ботокс и слично, но препорача дека по дваесетата година е во ред да се аплицираат препарати кои суптилно ќе ја освежат кожата на лицето, но не е препорачлива употреба на секојдневно ниво. Од причина што и со претерана нега може да се оштети кожата поради незнаење. Воедно потенцираше дека 20-годишните девојки нема потреба да користат производи богати со колаген. А оние кои ја користат оваа состојка, тоа да го прават исклучиво навечер

Анета  Јованова – стручен соработник за „La Roche Posay“ во „Септима“ даде свое мислење за проширените пори на кожата. Истакна дека пред да се нанесе препарат за нега на кожата мора темелно да се исчисти лицето со соодветен производ.  Додаде дека во „La Roche Posay“ имаат крем наменет за оваа проблематика, кој по нанесувањето ги затвара порите односно ја матира кожата.

Модераторката Стојменовиќ праша дали користењето на паста за заби и слични производи кои младите ги користат за да ги згаснат акните се безбедни по здравјето на нивната кожа.

Докторката Дачевска ги сподели искуствата на оваа тема и кажа дека имала секакви случки на оваа тема во нејзината ординација но ниту еден нема брзо да го реши проблемот. Додека пак Јованова – стручниот соработник од „La Roche Posay“  со задоволсгтво кажа дека токму таков производ имаат во нивната понуда, а станува збор за коректор наменет за акни и слични проблеми на кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.