Сѐ што сакавте да прашате за Philips Lumea, но не се осмеливте!

За да ги разрешиме дилемите кои можеби ги имате, ви ги претставуваме најчесто поставените прашања во врска со Philips Lumea фото-епилаторот

Речиси и да не постои жена која не слушнала за новата IPL технологија која ја користи Philips во своите уреди Philips Lumea, а кои овозможуваат долготрајно мазна кожа во комфорот на вашиот дом. Меѓутоа, можеби не секоја ги знае точните предности и карактеристики на овој уред, па така сѐ почести се прашањата за технологијата на која што работи, за различните модели, за безбедноста на производот итн.

За да ги разрешиме дилемите кои можеби ги имате, ви ги претставуваме најчесто поставените прашања во врска со Philips Lumea фото-епилаторот и зошто е вистинското решение за долготрајното отстранување на несаканите влакна:

Што е IPL технологија? – Intensive Pulsed Light или Интензивна пулсирачка светлина, во суштина претставува метод или пак терапија базирана на светлина, која се користи за широка палета на процедури во рамките на дерматологијата, меѓу кои и долготрајно отстранување на несаканите влакна од различните зони од телото. Уредот во дел од секундата емитира светлосен пулс кој се апсорбира од пигментот на фоликулите на влакната и ги „успива“, односно енергијата се претвора во топлина која влијае врз активноста на фоликулите и го одложува повторното растење на влакната. Philips е бренд број 1 во Европа во IPL според водечкиот институт за истражување на пазарот, малопродажна вредност по IPL категорија, од август 2019-та година.

Дали третманите се безбедни и за кои делови од телото може да ја користам? – Досега не се регистрирани никакви сериозни несакани ефекти или оштетувања на кожата што би се појавиле од долгорочна употреба. Фотоепилаторите Philips Lumea освен на рацете или нозете, можат да се користат безбедно и врз чувствителните зони на телото, како пазувите и бикини зоната. Покрај тоа, дел од моделите доаѓаат со посебен додаток за лице со дополнителен филтер за UV заштита и може да се користат на лицето (горната усна, брадата и бакенбардите) и за прецизен третман на нежните зони. Поради тоа што делот околу очите е многу нежен, препорака е уредот да се користи само под јаболчниците со цел избегнување ризик од оштетување на очите.

Дали боли? – Во однос на болката, при опсежните клинички истражувања на Lumea во кои беа вклучени повеќе од 2000 жени, ниту една од нив не го оцениле третманот како болен. При испитувањата, некои од жените укажале на тоа дека почувствувале „топлина“, „боцкање“ или „чешање“, што во најголем дел од случаите исчезнувало во рок од неколку минути до еден час по третманот.

Колку време нема да ми пораснат влакната? – Со Philips Lumea, ќе уживате во беспрекорно мазна кожа и до 6 месеци, без нервозите за навремено закажување на депилација. За најдобар ефект, препорачливо е првите третмани да се прават на секои две недели, а потоа повремено да се повторуваат.

Дали Philips Lumea е погоден за мене? – Philips Lumea дејствува ефикасно, лесно и безбедно на голем број типови влакна и кожа. Дејствува на природни темноруси, кафени и црни влакна, како и на кожа со многу светол до темнокафеав тен. Како и со сите други методи на фотодепилација што ја користат интензивната пулсирачка светлина, палетата производи Philips Lumea не може да се користи за третман на бели/сиви, светлоруси или црвени влакна, како ни за многу темна кожа. Причината за тоа е што е потребен голем контраст помеѓу пигментот во бојата на влакното и пигментот во бојата на кожата.

Со какви додатоци доаѓа Philips Lumea? – Има специјални додатоци дизајнирани за секоја облина на човечкото тело, што гарантираат максимална ефикасност и резултати, како додаток за под пазуви, додаток за бикини зоната, додаток за лице и додаток за тело, зависно од моделот. Секој од додатоците е заоблен на уникатен начин за да ги следи облините на телото со што се обезбедува максимална ефикасност при секој допир со кожата, осигурувајќи дека секој светлосен импулс допрел до фоликулите на влакната. Додаток за лице има посебен УВ-филтер што спречува оштетување на кожата, па на тој начин ќе можете безбедно да ги вршите третманите за епилација и на лице.

Колку модели има Philips Lumea? – На пазарот во Македонија има 5 модели кои можете да ги изберете согласно вашите потреби: Lumea Prestige BRI956/00 со уникатно дизајнирани додатоци за тело, лице, под пазуви и за прецизни зони; Lumea Prestige BRI953/00 со додатоци за тело, лице и прецизни зони; Lumea Prestige BRI950/00 и Lumea Advanced BRI921/00 со додатоци за тело и лице и основниот модел Lumea Advanced SC1994/00 со стандарден додаток за телото.

Колку време можам да ја користам Lumea-та? – Придобивките корисниците можат да ги ползуваат и до 20 години континуирана употреба.

Каде можам да добијам повеќе информации? – За сите корисници е овозможена БЕСПЛАТНА апликација за континуирана поддршка и водич за персонализиран третман која може да се преземе на Play Store и App Store. Доколку ви се потребни и дополнителни информации, истите можете да ги најдете на веб страната на Philips Lumea: www.lumea.philips.com.mk.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.