Пристигнаа првите обвинувања за копирање: Гостувањето на Меган Маркл во „Вог“ предизвика лавина од коментари
А кралицата Елизабета ΙΙ никаде ја нема
Секој потег на Меган Маркл предизвикува големо внимание во јавноста, но насловната страница на британскиот „Вог“ во кој гостуваше како уредничка ги надмина сите очекувања.
Имено, Меган е првата жена од кралското семејство која се појавила во „модната Библија“ во ова својство, а избра 15 жени што ја инспирираат, меѓу кои се активистки, актерки и политичарки.
И самиот избор предизвика лавина од коментари, а пристигнаа и првите обвинувања за копирање. Саманта Брет и Степ Адамс тврдат дека Меган ја копирала насловната страница на книгата The Game Changers, на која, како дел од продукцијата, работела и самата.
Ни ласка што очигледно ѝ се допаднал нашиот концепт. Ја сакам Меган и голем обожавател сум ѝ, но тоа што олку бесрамно нè ископирала е поразително“, изјавила Саманта Брет.
Војвотката Меган не се огласи по овој повод, а многумина ѝ забележаа и на тоа што меѓу 15-те жени на кои им се восхитува не ја ставила кралицата Елизабета ΙΙ.
Фото: Инстаграм, Getty Images