Џенифер Лопез за роденден доби „порше“, а нема седнато зад волан цели 25 години (ВИДЕО)

Алекс Родригез побара дополнителен појас за заштита

Фото: Getty Images

Џенифер Лопез неодамна го прослави 50-от роденден со спектакуларна забава во друштво на блиските пријатели, соработници и свршеникот Алекс Родригез, кој ѝ подготвил и специјален роденденски подарок.

 


Имено, бившиот бејзбол-играч на својата сакана ѝ подари скапоцено „порше 911 GTS“. Блиските пријатели на поп-пејачката би рекле дека свршеникот не ја познава доволно, земајќи го предвид фактот дека две и пол децении таа нема возено автомобил. Сепак, тој го направил тоа со цел и во договор со нејзините деца.

Што да му купиш на некого што има се’? Мора да си креативен. Размислувавме да ѝ купиме автомобил, но иронијата е во тоа што нема возено 25 години“, изјави Алекс и откри дека за возењето со Џенифер ќе му треба дупли појас.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.