„Потполно сум здрава“: Една од најубавите жени на светот во прегратка со синот соопштила дека се излечила од коронавирус!

Конечно убави вести

Бонд-девојката Олга Кириленко ги споделила среќните вести

Една од првите светски ѕвезди што соопштија дека се заразени со коронавирус беше украинската манекенка и актерка Олга Кириленко.

Откако неколку пати им се обрати на фановите за да им каже како се чувствува и за да им открие детали за болеста КОВИД-19, таа сега се огласила со среќни вести.

https://www.instagram.com/p/B-DPRf1ha-q/?utm_source=ig_embed

„Потполно оздравев!“, напишала таа на Инстаграм во описот на фотографијата на која седи со маска на лице, држејќи го синот во прегратка.

„Да резимираме: првата недела се чувствував прилично лошо и постојано спиев, најчесто бев во кревет со треска и силна главоболка. Втората недела, треската помина, но имав полесна кашлица и се чувствував многу уморно. До крајот на неделата бев добра. Кашлицата речиси сосема исчезна, се’ уште кашлам малку наутро, но не во текот на денот“, додала актерката.

Прочитајте и зошто една од најубавите жени во светот се заразила со коронавирус а одбивала да остане во болница.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.