Ќе ве полазат морници: „Травијата“ од тераса како поддршка за соседите во карантин (ВИДЕО)

Погледнете!

Една Италијанка им се обратила на соседите од својата тераса со звуци од познатата опера на Верди

Ако коронавирусот донесе нешто добро, тоа секако е чувството на солидарност помеѓу луѓето и потребата да направиме се’ што можеме за да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна и да се обидеме да направиме луѓето околу нас да се чувствуваат подобро.

Тоа може да се постигне со мали гестови, внимание и малку труд, а жив доказ за тоа е една Италијанка со раскошен глас, која својот талент го искористила за да ги расположи, охрабри и барем накратко забавува своите соседи.

Тактовите на познатата опера, која меѓу многу други ја изведувал и еден од најголемите тенори – Лучиано Павароти, се слушале пред неколку вечери и од терасата на една Италијанка (најверојатно професионална оперска певица), како поддршка на веќе со недели изолираните жители на италијанските градови.

На видеото се гледа жена, чие дете пушта музика од касетофон, додека таа почнува со ангелски глас да ја пее познатата опера. Нејзините соседи внимателно го следеле настапот и секако, ја наградиле со аплауз.

https://www.youtube.com/watch?v=k7JuPqTBTuw

Италијанските граѓани најдобро знаат колку тешка и стресна може да биде изолацијата, особено кога е проследена со стравот за сопствениот и животот на најблиските, па затоа овие тонови што ќе ги чуете се вистинско разведрување на целата ситуација.

Погледнете и како цела Италија пее „Да се прегрнеме“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.