Популарната водителка за отказот од телевизијата: „Бев понижувана и во човечка и во професионална смисла“

Без влакна на јазикот

Писателката, новинарка и водителка Весна Дедиќ во позната ТВ-емисија проговори за работата на РТС и за причината поради која даде отказ.

Мене ми беше многу тешко 5 години на РТС. Се согласував да правам емисија што не беше според моите стандарди, а трпев понижувања и во човечка и во професионална смисла“, вели авторката на популарната емисија „Балканска улица“.

Она што многу ја повредило и ја прелило чашата се случило во јануари минатата година.

Требаше да одбележам 18 години од постоењето на емисијата и сакав за Нова година да направам прекрасна емисија. Контактирав спортисти, пејачи, актери, сите сакаа да дојдат, а потоа ми беше соопштено дека ме нема во програмската шема. Тогаш си реков: ‘Ќе дадеш отказ!’“, искрена беше новинарката.

Не сакаше да се споредува со животно, но раскажа дека и во приватниот и во професионалниот живот може многу да истрпи.

Можам да поднесам сешто, но кога е крај, тогаш е крај. Важно е што сега се’ е е во ред“, изјави Весна.

Фото: Александра Богиќевиќ

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.