Почина урбаниот скопски лик Драги Шпага

Тажна вест

Бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Скопјаните дефинитивно го паметат Драган Христов попознат како Драги Шпага, победник на првото македонско реално шоу „Тоа сум јас“.

Станува збор за урбан скопски лик, кој, за жал, почина во 52-та година од животот од последиците од карциномот на белите дробови.

Драги беше погребан вчера на гробиштата во Драчево во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Според информациите во медиумите, Драги тешко го прележал ковид-19, кога 20 часа бил во кома, а минатата година му бил откриен рак на белите дробови.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.