ТЕСТ: Проверете ги белите дробови

Стручни совети

Советува д-р Тамара Полујан, пулмолог.

Со едноставен тест можете да оцените дали ви функционираат добро дишните органи, дали организмот има доволно кислород, како и дали ќе се јават проблеми со циркулацијата.

* ЗАДРШКА. Седнете и опуштете се. Неколкупати длабоко вдишете и издишете. Потоа длабоко вдишете, затнете го носот и задржете го здивот. Вклучете стоперица. Доколку сте маж и успеете да го задржите здивот минимум 40 секунди, значи дека сѐ е во ред со вашите бели дробови. За жените таков показател е 30 секунди.

По пет минути два-три пати длабоко вдишете и издишете, но сега задржете го дишењето по издишувањето (исфрлете го целиот воздух). Времето на задржување на здивот во овој случај кај здравиот човек е 25–40 секунди.

* ДУВАЊЕ БАЛОН. Земете балон и потрудете се да го надувате од едно вдишување. Потоа измерете го неговиот обем. Со дишниот систем сѐ е во ред доколку е балонот поголем од 10 см. Ако не е, мора да ги тренирате белите дробови, на пример редовно дувајте балони.

* КИБРИТЧЕ. Изгасете го кибритчето што запалено го држите во испружена рака. Длабоко вдишете низ носот, а потоа издишете низ устата, трудејќи се да го угаснете пламенот. Ако за тоа ви се потребни неколку обиди, дишниот систем ви е ослабен. Причина може да бидат хронични заболувања на дишните патишта. А можеби и недостиг од форма или пушење?

* МЕРЕЊЕ. Со сантиметар измерете го обемот на вратот. Нормално треба да биде 37 см кај мажите и 34 см кај жените. Ако е поголем – можно е да сте дебели, бидејќи во тој случај се зголемува обемот на вратот, а дишните патишта се стеснуваат. Тоа доведува до отежнато дишење и апнеја (прекин на дишењето во текот на спиењето, што може да предизвика хипертонична криза и мозочен удар).

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.