Беше најголемата холивудска заводница, а денес лицето ѝ се распаѓа (ФОТО)

Сакаше да го задржи Антонио Бандерас, па се запусти - ѝ заработи подмолна болест

Мелани Грифит наскоро ќе го прослави својот 66-ти роденден, а по овие фотографии сите се прашуваат што се случува со лицето на познатата актерка.

Холивудската актерка Мелани Грифит со години беше позната како најпредизвикувачката жена во светот на филмот, а се прослави со улогата во филмот The Busy Girl, кој ѝ донесе „златен глобус“.

Последниве години, многу се зборува за нејзиното лице, кое го смени со естетските зафати, поради што ѝ се намали бројот на актерските ангажмани, па сега игра само споредни улоги.

Имено, Мелани Грифит неодамна ги загрижи сите кога се појави во јавноста со модринки на рацете и лицето, а изгледаше и дека има рани на усните.

Melani Grifit nekad i sadИнаку, актерката претходно се бореше со ракот на кожата, па не е јасно дали лузните и раните се резултат на болеста или прекумерните естетски зафати од кои стана зависна.

По многубројните критики на сметката на физичкиот изглед, Мелани одлучи да го смени лекарот, бидејќи и самата не била задоволна од својот одраз во огледалото.

Не сфатив како изгледам додека луѓето не почнаа да зборуваат за тоа. Толку ме болеше што отидов кај друг лекар и почнав да се занимавам со сите глупости што ми ги направи претходниот доктор. За среќа, сега изгледам понормално, изјави Мелани во едно интервју.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.