„Таа умира пред нашите очи!“: Ракот ѝ метастазирал во мозокот на популарна актерка – солзата го симболизира протокот на животот

Потресни сцени… Актерката ги одбележа најдобрите години на многу генерации, а сега…

Познатата актерка Шенон Доерти, која на светската јавност ѝ стана позната по улогите на Бренда во популарната серија „Беверли Хилс 90210“, како и познатата Пру во култната серија „Волшебнички“, се бори со најлошата болест – ракот, и тоа со години.

Неколку пати успеа да се избори со ракот на дојката, но, за жал, болеста повторно и повторно ѝ се враќа, а во еден момент и метастазира.

На овој тежок животен пат, патот на борбата за здравје, најмногу ѝ помагаат сопругот и секако мајка ѝ, кои во секој момент се покрај неа и не ѝ дозволуваат да ја загуби вербата, а како што и самата призна, ова многу ѝ помага да ги издржи тешката хемотерапија и зрачењето. Сепак, имаме една тажна вест од познатата актерка, која објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот.

Во објава на Инстаграм, Шенон рече дека КТ-скенот покажал дека ракот ѝ се проширил и сподели видео на кое поминува низ „процесот на ставање на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот“.

Да потсетиме, таа еднаш откри дека пишува проштални писма и снима видеа за своите најблиски, а за последното испраќање избрала и песна која сака да ѝ се отпее и отсвири. Станува збор за познатата песна „Tears in Heaven“, која важи за една од најголемите балади во историјата на рокенролот, а актерката избрала во што сака да биде погребана.

Знам како сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан, кој го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам сите да ме паметат на најдобар начин. Последниве месеци се обидувам да поправам некои врски, им се извинувам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се трудам да го живеам животот максимално и да уживам во малкуто време што ми преостанува – изјавила Шенон за американските медиуми.

За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да ја дочека идната година. Таа умира! Со тешко срце го кажувам ова, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро – рекол извор близок до актерката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.