На 18 години завршила на забавите на Берлускони: Еве како денес изгледа манекенката која сведочела на неговото судење!

Таа ги разоткрила секс-забавите на Берлускони

Италијанската манекенка ги пријавила во полиција забавите на поранешниот премиер, но успеала да извлече признание и од друг предатор, а еве како изгледа денес…

Амбра Гутјерез е манекенката која ги пријавила таканаречените „бунга бунга“ забави на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, како и непримерните обиди за сексуална злоупотреба од страна на американскиот продуцент Харви Вајнштајн.

Италијанската манекенка денес живее во Мајами и никогаш не изгледала подобро. Сè уште се занимава со моделство, а голем дел од своето слободно време го посветува на хуманитарната работа.

Некогашната финалистка во изборот за Мис на Италија, им го привлекла вниманието на светските медиуми откако како малолетна девојка завршила на една од приватните забави на премиерот Силвио. Амбра тогаш не ни помислувала дека нејзиното одење на таа забава буквално ќе ѝ го промени животот.

Токму таа ги пријавила овие забави во полиција и веста одекна во медиумите како бомба. Подоцна и сведочела за пријавата за проституција на забавите. Овие случувања влијаеле врз текот на нејзината манекенска кариера.

Таа станала еден од главните сведоци на судењата во 2011 година, каде што поранешниот италијански премиер бил обвинет дека на развратните забави често уживал во друштво на малолетни проститутки.

На судот рекла дека Берлускони ѝ се заканил дека нејзината кариера е завршена кога сакала да си оди од забавата, откако италијанскиот премиер ја допирал по задникот. Новинарите се сомневале во веродостојноста на нејзината приказна, па Амбра се преселила во Америка, по што Силвио Берлускони на крајот бил ослободен од обвинувањето.

Среќата не траела долго и Амбра во 2015 година се нашла среде уште еден секс-скандал. Била меѓу првите жртви кои имале храброст да го пријават во полиција моќниот американски продуцент Харви Вајнштајн, кој три години подоцна бил осуден за сексуално злоупотребување жени и малолетни девојки.

Таа ѝ раскажала на полицијата дека филмскиот могул ја допирал непримерно и се обидел да ја принуди на секс, додека заедно го прегледувале нејзиното портфолио, па се согласила да носи „бубица“, со помош на која полицијата подоцна ги прислушувала нивните разговори.

Носејќи уред за снимање под маицата, Амбра отишла на уште еден состанок со Харви. Во ходникот пред неговата хотелска соба, Амбра успеала да извлече признание од него, кое подоцна било искористено против него на суд.

Благодарение на собраните докази и сведоштвата на повеќе од 80 жени, вклучувајќи и бројни познати имиња од филмската индустрија, тој бил осуден на 23 години затвор поради силување и сексуално злоупотребување жени.

Кај кого ќе оди богатството на Берлускони? Еве кои се наследниците на 6,4 милијарди евра
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.