Побрзајте: Пријавувањата за музичкото талент шоу „Заблескај“ завршуваат на полноќ!

Ова е ваша последна шанса за учество

Вечерва, до полноќ, трае пријавувањето за новото музичко талент-шоу „Заблескај“.

Доколку се’ уште не сте се пријавиле, во продолжение ви ги претставуваме едноставните правила за учество.

1. Сите вие што сте музички талентирани и сакате да направите исклучителни музички кариери, а ви требаат помош и поддршка, снимете се со вашите мобилни телефони како ја изведувате вашата омилена песна.

2. Видеото со отпеаниот рефрен или стих од песната испратете ни го во ДМ на нашата официјална инстаграм-страница @ubavinaizdravje.mk или на нашата мејл-адреса – redakcija@ubavinaizdravje.mk

3. Истото видео, откако ќе го пратите во ДМ, објавете го и на вашите профили на Инстаграм, ТикТок или на Фејбук со следните хаштагови: #заблескај и #заблескајсоорбит.

Задолжително на видеото означете ги профилите на „Убавина и здравје“ на Инстаграм, Фејбук и ТикТок, во зависност од тоа на која социјална мрежа имате профил на кој ќе го објавите вашето видео.

Со среќа на сите!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.