Вечерва во 21 часот следува уште една премиера на „Заблескај“ – Таско и Мартија во улога на коментатори и оценувачи

Втора аудиција и 10 нови кандидати

Вечерва, со почеток во 21 часот, на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“ ќе биде прикажана втората емисија, односно аудиција, а кандидатите ќе ги оценуваат Мартија Станојковиќ и раперот Таско.

Овој двоец ќе го прогласи и вториот полуфиналист.

Во полуфиналето ќе настапат 12 полуфиналисти, од кои првите шест ќе ги избира жирито во секоја емисија по еден, а втората шестка ќе биде соопштена дополнително, секако, во консултација со главното жири, кое ќе жирира само во полуфиналето и финалето.

Победникот добива дует со едната и единствена Елена Ристеска!

Музичкото талент-шоу „Заблескај“ е поддржано од „Орбит“ и „Франк-кафе“.

Погледнете ја најавата за втората емисија и не заборавајте да ја гледате!

Споделете и лајкнете доколку ви се допаѓа „Заблескај“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.