Весна Дедиќ: „Ако никој не ме сака, ќе бидам одличен таксист!“
Развод по договор
Писателката и авторка на ТВ-емисијата „По Балканска улица“, Весна Дедиќ, по 30 години си замина од матичната куќа РТС. Како што самата објасну, одлуката ја донела по долгогодишни приблеми со новото раководство на телевизијата.
Денес дадов отказ. Бујошевиќ и јас потпишавме раскинување на договорот. Емотивно ми е многу тешко. Имав 21 година кога првпат влегов во телевизијата и почнав да работам како хонорарец, а идната година ќе навршеа 30 години откако работам во РТС“, изјави водителката за порталот SrbijaDanas.com.
Весна ја сподели одлуката со своите следбеници на Инстаграм, каде што објасни зошто одлучила да го раскине договорот.
Прочитајте и: Весна Дедиќ без блам призна сè, ова никој не го очекуваше од неа!
Одлучив бидејќи веќе четири години имам проблеми на РТС, па денес пресеков, раскинување по договор.“
На прашањето на новинарот на „Блиц“ кои ѝ се идните планови, писателката даде духовит одговор, во свој стил…
Јас не сум богато мажена жена, засега. Имам неколку опции, можеби ќе возам трамвај, можеби ќе бидам таксист, добро работам како келнерка, па ако ниту една телевизија не ме прифати, ќе бидам одличен таксист! А ако ме запроси некој богат, ќе ми се исполни желбата да бидам среќно мажена домаќинка“, заклучи Весна.
Фото: Инстаграм