Ова е новата љубов на Северина Вучковиќ? Сличноста со Милан е неверојатна, а има нешто заедничко и со Игор

Новото момче на пејачката е исто така од Србија.

Откако се разведе од Игор Којиќ, апсолутно ништо не се знае за љубовниот живот на Северина Вучковиќ. Всушност, извесен период се шушкаше дека популарната пејачка е во врска со својот продуцент Филип Милетиќ, но со текот на времето сите сфатија дека ги поврзува само работата и пријателството.

Меѓутоа, кога се појавила во машко друштво во еден клуб во Загреб, на настапот на Ана Николиќ, сите биле изненадени, бидејќи, како што пишува српски Курир, цела вечер разменувала љубовни погледи со мажот кој дошол со неа.

Пејачката на настапот на Ана беше во придружба на менаџерот Томица Петровиќ, продуцентот Филип, пријателот Давор Гргин, но и уште еден маж, за кој се шпекулира дека е новото момче на Северина.

Наводно станува збор за архитектот Миро Месиховиќ, кој е од Србија, исто како и неговите претходници Милан Поповиќ и Игор Којиќ.

Она што е исто така интересно е тоа што Месиховиќ и Поповиќ физички многу личат, па не би чудело доколку Вучковиќ се заљубила во него на прв поглед, исто како што ѝ се случи со Милан.

Се’ уште не е потврдено дали Миро навистина е новото момче на Северина, но дека се многу блиски може да се заклучи од објавата на Филип на Инстаграм, на која се означени пејачката и архитектот.

Фото: Prinstcreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.