Вергара ја замени со 13 години помлада убавица: Сите се прашуваат дали таа е виновна за РАЗВОДОТ НА НАЈУБАВИОТ ПАР ВО ХОЛИВУД

Два месеци по разводот, актерот Џо Манганиело (46) е снимен како излегува од теретана со актерката Кејтлин О’Конор (33), која е 13 години помлада од него. По седум години брак, Џо се разведе со актерката Софија Вергара (51), а сега е снимен како излегува од теретаната со друга жена.

Џо Манганиело носел бела маица со принт, шорцеви и бели патики, додека О’Конор носела син топ со долги ракави и црни хеланки. Актерот цело време ѝ ја носел нејзината торба за тренинг. Набрзо биле видени како заминуваат заедно со неговиот автомобил.

Да потсетиме, во заедничката објава за разводот, Џо Манганиело и Софија Вергара напишаа дека донеле тешка одлука и дека и покрај разводот, сепак се сакаат и се грижат еден за друг. Затоа побараа од медиумите да ја почитуваат нивната приватност додека минуваат низ фазата на развод, пишува Пејџ сикс.

Инаку, Кејтлин О’Конор Перди е родена во Калифорнија во 1990 година. Таа е американска актерка, модел и водителка. Работела на многу проекти, а голема популарност постигна по појавувањето во серијата „Два и пол мажи“.

Покрај успехот на деловен план, нејзиниот приватен живот е голема енигма.

Фото: Instagram, Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.