Свилената кошула на Меган Маркл е лудило: Колку и да чини – изгледа скапо (ФОТО)

Се согласувате?

А панталоните ѝ ласкаат на секоја градба на тело и навистина се прекрасни!

Меган Маркл имаше уште едно одлично модно издание во Дизелдорф, Германија, каде што престојува со својот сопруг Хари заради спортскиот натпревар Invictus Games, кој принцот го поддржува со години.

Нејзиниот стајлинг докажува дека војвотката од Сасекс внимателно ги следи трендовите, и знае како совршено да ги искомбинира со безвременска елеганција.

Имено, Меган Маркл се појави во комбинација која е прекрасен пример за моден гламур. Свилената кошула на неа беше модерна и порано, а и денес е во тренд. Таа изгледа неверојатно гламурозно, особено поради комбинацијата на материјали и боја, плус златниот накит што го носи. Тој впечаток на луксузност е токму поврзан со тој неодолив гламур.

Панталоните со висок струк што често ги носи Меган Маркл, во различни варијации, се многу благодарни за комбинирање и им одговараат на сите типови женски тела. Истутканиот детаљ може да му се случи секому, особено кога носите облека од природен материјал.

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.