Аријана Гранде се расплака признавајќи: „Ставив еден тон филери за усни“ (ВИДЕО)

Аријана Гранде (30) јавно призна дека со години ставала ботокс и филери на лицето, но дека се кае бидејќи во еден момент престанала и самата да си го препознава сопствениот лик.

Пејачката престанала да со козметичките процедури во 2018 година и сега е многу позадоволна од својот изглед. Колку се смени Аријана Гранде низ годините?

Таа сними видео за магазинот Vogue во кое ја покажа својата рутина за шминкање и производите што ги користи. Додека се снимаше и објаснуваше како ја нанесува шминката на своето лице, таа се расплака и призна дека низ годините често ставала ботокс и филери на лицето, но дека во еден момент сфатила дека претерала и сега се кае за тоа.

Како личност која е дел од индустријата за убавина, целосно ќе бидам транспарентна додека ги шминкам усните. Ставив еден тон филери за усни низ годините и ботокс. Престанав во 2018 година затоа што едноставно чувствував дека е премногу. Имав чувство како да се кријам“.

Таа се расплака и рече дека не очекувала да биде толку емотивна додека раскажува за минатото.

Низ годините користев шминка како маска или како нешто зад што можам да се скријам. Од иста причина имав и големи фризури. Повеќе коса, подебела линија од моливот за очи. Е, тоа понекогаш може да биде убаво, а јас сè уште имам љубов кон дебелите линии над очите“, вели таа.

Бидејќи настапува од дете, Гранде уште од мала го прифаќала туѓото мислење, особено кога тоа било поврзано со изгледот.

Да се биде изложен на толку многу различни гласови, особено на млада возраст, кога секој има што да каже за вашиот изглед, е навистина тешко. Но кога имаш 17 години, не знаеш што треба да прифатиш, а што не“, вели Гранде во видеото на Vogue.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

siep qzscir ltalhly bbcz gmvasc ednejja pfgxedc cyhvdc