Северина блесна ВО БЕЛО: На снимките од гала-настанот блеска големиот прстен на раката на пејачката (ФОТО)

Со задоволство позираше

По Севе воздивнуваат сите гледајќи ги објавените видеа.

Во далечната 1892 година почна како неделен весник во Њујорк и стана највлијателниот моден магазин во светот – Вог Адриа пристигна беше претставен на гала-настан викендов во Белград.

Имено, салата 3 на Белградскиот саем беше збирно место на најпознатите фаци од светот на модата, а темата што ја наметна првиот број на српското издание беа границите меѓу земјите, меѓу луѓето, физички и имагинарни.

Северина Вучковиќ со задоволство позираше пред насобраните медиуми во дизајнерскиот бел фустан, кој се карактеризира со класичен, женствен крој со макси-должина и истакнато деколте.

Деталите кои го прават самиот фустан необичен се длабокиот отвор на долниот дел од грбот, ременот кој го нагласува струкот и деколтето, кое е врамено со широки ремени.

Посебен акцент е ставен на раскошот и стилот „старо злато“, а целата приказна е заокружена со топ како болеро, со многу богати ракави, што му дава посебна елеганција на овој фустан.

Пејачката се одлучи за големи парчиња луксузен накит: кристални обетки и златни прстени кои блескаа од нејзините раце. Може да забележите дека „no makeup look-от“ е вистински хит оваа сезона, а Севе одлично го претстави. А креаторот беше јавно пофален од самата пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Михано Момоза. Само го прашав „љубов моја, дали повторно се мажам“ – низ насмевка призна пејачката.

Видео: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.