Сочен и здрав колач од јаболка и портокал, со црно чоколадо и бадеми: Без брашно и вештачки шеќери

Рецепт за здрав колач без шеќер и брашно

Ако сакате да приготвите здрав колач, ова е вистинскиот рецепт за вас

Состојки:
  • 5 јаболка
  • 2 зрели банани
  • 200 г овесни снегулки
  • 150 г бадеми
  • 2 лажици какао во прав
  • грст суво грозје
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1 лажица мед
  • рендана кора од лимон и од портокал
  • 1-2 лажички цимет
  • сок од половина портокал и половина лимон
  • 30 мл маслиново масло

За преливот:

  • сок од половина портокал и лимон
  • 3-4 лажици мармелад од вишна или портокал
  • темно чоколадо
  • сечкани бадеми
Приготвување:

Исчистете ги и изрендајте ги јаболката. Згмечете две зрели банани и измешајте ги со јаболката. Овесните снегулки, какаото и бадемите иситнете ги во сечко додека добиете текстура на брашно. Добиената смеса измешајте ја со јаболката и бананите. Во смесата додајте ги преостанатите состојки (суво грозје, прашок за печиво, мед, кора од лимон и портокал, цимет, сок од лимон и портокал и маслиново масло).

Сето тоа добро измешајте го и ставете го во загреана рерна на 180-200 степени Целзиусови, 35-40 минути. Кога ќе се испече, веднаш ставете го преливот.

За преливот, исцедете сок од портокал и лимон. Во сокот додајте мармелад и промешајте. Премачкајте го колачот со подебел слој од преливот. Потоа, стопете 60 г темно чоколадо, прелејте го одозгора и убаво распоредете го преливот. Посипете сечкани бадеми.

Карамела со пржени бадеми: Вкусот на детството, а толку здрав и лесен за подготовка (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.