Нусрет конечно објави видео на кое зборува: Луѓето велат дека е подобро да молчи! (ВИДЕО)

Погледнете го видеото...

Фото: Инстаграм

Обожавателите на Салт Бае, чие вистинско име е Нусрет Гокче, биле изненадени од видеото што го објави славниот готвач на кое првпат зборува. Досега тој објавуваше многу видеа на Инстаграм, но не зборуваше на нив.

Чекај, чекај. Сакам да кажам нешто за Лондон. Лондон е мојот голем сон. Еден ден. Следниот ден. Секој ден. Постојано. Го сакам Лондон. Лондон е поинаков. Како злато“, рекол Нусрет во видеото.

Во тој момент се јавил човек зад камерата и го прашал Нусрет како му оди со англискиот јазик.

Мојот англиски е скоро како британскиот. Знаете… На здравје! Се надевам дека наскоро ќе се видиме во Лондон“ – рекол на крајот од снимката популарниот готвач.

Многумина останале изненадени од објавата на Нусрет, меѓутоа сите не биле воодушевени од тоа што го виделе и слушнале.

Првпат го слушам како зборува“, „Тој зборува“, „Овој тип повеќе ми се допаѓаше кога молчеше“, „Подобро да молчеше, навистина“, „Нека ми преведе некој што кажа“ – гласеле дел од коментарите.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.