Се сеќавате на пејачот Кико од „Идол“? Денеска работи во Дубаи за еден од најпознатите готвачи Нусрет! (ВИДЕО)

Кико - Салтбае!

Се сеќавате на Христијан Тодороски – Кико, кој пред неколку години македонската јавност го запозна по неговото учество во „Идол“, кој во тоа време се емитуваше на „А1“ телевизија…

Кико после „Идол“ започна музичка кариера, која одлично му тргна, но по некое време реши да се повлече, од засега непознати причини…

Потоа Кико беше во медиумска илегала, се до пред некое време, кога преку социјалните мрежи дознавме дека тој се преселил да живее и работи во Дубаи.

Тој денеска одлично живее, но и заработува во една од најбогатите земји во светот. Кико работи во еден од најпознатите ресторани во оваа земја, односно за еден од најпознатите готвачи – популарниот Нусрет Гокче или познат како Салтбае.

Кико во ресторанот на познатиот готвач работи како асистент менаџер, а токму работата во овој ресторан му овозможува лично да ги послужи и да ги запознае најголемите имиња од светот на спортот, глумата, политиката и слично…

Тој неодамна го угости познатиот фудбалер Иниеста, Босанецот Миралем Пјаниќ и многу други,,,

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.