Анастасија искеширала речиси 3.500 евра за еден моден детаљ! Ражнатовиќ сподели видео, сите гледаа што држи во скут (ФОТО)

Од одмор да не може да одмори...

Кој си има троши си…

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ поради семејната слава за Свети Никола допатува и остана неколку дена во Белград, а потоа се врати кај сопругот Немања Гудељ во Севиља. После тоа, славниот пар реши да ги спакува куферите и да замине на одмор во Дубаи.

Анастасија сподели видео од Дубаи, а фановите не можеа да не го забележат модниот детаљ за кој пејачката потроши значителна сума пари.

Имено, младата пејачка носи шарен фустан со длабоко деколте, но она што на сите им падна во очи е скапата чанта која Ражнатовиќ ја држи во скутот.

Станува збор за розова, мала чанта, познатиот бренд „Louis Vuitton“, чија цена е неверојатни 3.495 евра.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.