На Мадона ѝ се заканува казна од 300.000 фунти: Погледнете што направила во Лондон! (ВИДЕО)
Проблем!
На поп-иконата Мадона и се заканува казна од 300.000 фунти откако го прекршила правилото поврзано со полициски час на концерт во Лондон.
Најголемата светска ѕвезда во саботата ја започна турнејата „Celebration“ во главниот град на Велика Британија.
Иако таа вечер имала настап од 140 минути, следната вечер имала проблем.
Мадона била принудена да го скрати својот настап поради технички проблеми, но и така го пречеркорила дозволеното време.
Концертот во „O2 Арена“ и траел 30 минути подолго од дозволеното и наместо во 22:30, пеела пола час подолго.
View this post on Instagram
Покрај тоа, таа на бината на успеала да се качи пред 21 часот, а фановите ја предупредиле дека може да останат без ноќниот превоз.
Не ги отпеала едни од нејзините најголеми хитови, а тоа предизвикало бес кај нејзините фанови кои се бунеле на социјалните мрежи.
На неа и се заканува казна од 300.000 фунти, односно, како што пишува „Daily Mail“ секоја минута и чини 10.000 фунти.
Коментарите се заклучени.