Пејовиќ имал тешко детство: „Мачен период, спиев во соба со 6,7 луѓе“ (ФОТО)

Не бил лесен патот до успехот...

Фолкерот Ацо Пејовиќ важи за еден од најуспешните пејачи на Балканот, а само благодарение на напорниот труд денеска тој ужива во богатството кое го стекнува секојдневно.

Меѓутоа, Пејовиќ за својот живот никогаш не криел, па во една прилика раскажа колку му било тешко на почеток на кариерата, но и во неговото детство.

Родителите на Пејовиќ уште како дете му го откриле неговиот талент и музикалност, па одлучиле да го запишат во музичко училиште. Меѓутоа, со оглед на тоа дека немале услови на синот да му обезбедат луксузен живот за време на школувањето, Ацо живеел во дом за ученици, со оглед на тоа тоа дека училиштето не било во неговиот град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACO PEJOVIC (@aco_pejovic)

„Имав 14 години и тоа за мене беше мачен период. Бев во детски дом кој беше распаднат, ладен, а во собите бевме по 6,7 ученици и имавме заедничко купатило. Но, боже мој, се поради музика“ – се присетил Пејовиќ на тој период, но и за чуствата кои ги имал по заминувањето од семејниот дом.

„Не плачев, но ноќите ми беа тешки. Во град си каде никој не познаваш, ама апсолутно никого. Стресно беше, бидејќи бев дете. Треба да се снајдеш, да ја истуркаш таа приказна поради која си дошол“ – рекол Пејовиќ за Гранд.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.