Ацо Пејовиќ „пука” од гордост: Неговата ќерка Марија реди успеси (ФОТО)

Успешен татко мора да има успешна ќерка...

Популарниот српски пејач Ацо Пејовиќ со години е во брак со сопругата Билјана и имаат три ќерки на кои е бескрајно горд.

Марија има дипломирано на Медицинскиот факултет во Белград, а сега ја сподели радосната вест дека оди на специјализација. Како што најави, обуката ќе ја продолжи на Воено-медицинска академија.Фото: Принтскрин

Марија, според нејзините фотографии на Инстаграм, работи во клиника за естетска медицина, има објавено фотки и со колегите.

Популарниот пејач во своите интервјуа наведува дека семејството е неговата најголема љубов.

 Семејството е мојата тврдина. Четирите се моето сидро, но и моето едро, мотор, возачи на се. Немаше да го имам целиот успех да не беа четворицата, мојата поддршка и гласот на разумот – низ насмевка вели Ацо, кој во текот на целата своја кариера успеа само една Нова година да дочека со своите најсакани.

Таа година решив да не работам. Едноставно сакав да го поминам времето со моите блиски луѓе. Се спакувавме и отидовме во Рим. Беше нереално, дефинитивно најдобрата новогодишна ноќ во мојот живот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.