Познат инфлуенсер е обвинет за сексуално вознемирувње на 12-годишно девојче од страна на ММА-борецот Марко Бојковиќ! (ВИДЕО)

Марко „удри" по другиот Марко...

Познатиот ММА-борец Марко Бојковиќ на ТикТок го обвини инфлуенсерот Марко Миловановиќ, попознат како Марко Џек, вели дека малтретирал и напаѓал малолетни девојчиња на социјалните мрежи.

Како што изјави борецот во својот говор, по видеото што го снимил со тиктокерот, почнале да го контактираат малолетни девојчиња тврдејќи дека 20 години постариот Марко ги малтретирал преку СМС пораки и ги прашувал за нивниот сексуален живот.

Сакам да кажам во врска со ситуацијата меѓу мене и Марко Џек која се случуваше изминативе неколку дена. Објавив на „стори” на кое покажувам дека девојките ме контактираа и ми пишуваа за Марко Џек, и велат дека тој им пишувал и ги малтретирал. Ништо од тоа не знаев кога зборувавме на моето видео, знаев само дека е будала и дека е влезен во филм мислејќи дека е познат – изјави ММА-борецот и продолжи:

Искрено многу ме погоди кога дознав дека таков лик имамв во мојата емисија, бидејќи јас сум ваков таков, сакам да навредувам луѓе, но што се однесува до педофилијата и насилството врз жените, јас сум многу суров и тоа се некои од моите принципи и навистина никогаш не би можел да премолчам такво нешто. Девојките кои имаат 11, 12 години, не гледаат на нас познатите како на ликови со кои би сакале да имаат нешто емотивно или сексуално. Сега некои ликови кои имаат 33 години, како Марко Џек, го користат тоа што девојките ги следат и им пишуваат, на пример: „Па Марко, супер си…“! Ги вовлекува во разговор и потоа ги прашува: „Каков се*с сакаш?“, „Дали некогаш си ималa се*с“….. Ало, тоа ли се прашува 12-годишно девојче?…” – рече во својот говор популарниот ММА-борец.

@bojkovic.markomma

Tome mora da se stane na put #viral #fyp #mma #bojkovicmma #markojack #intervju

♬ original sound – Marko Bojković

По обвинувањата се огласи и инфлуенсерот кој истакна дека ќе бара најстроги казни за ММА-борецот за кој Марко тврди дека намерно му ја наместил целата ситуација.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.