„Незамисливо е жена на 50 години да носи ваква облека“: Хелена ја гази 6. деценија, а се облекува и изгледа како девојка!

Што мислите вие?

Хелена Кристенсен не ја интересираат правилата на облекување

Хелена Кристенсен често позира во долна облека, а многумина се воодушевени од нејзиниот изглед во шестата деценија. Имено, и покрај тоа што има 55 години, изгледа многу помладо, а поради атрактивното тело би ѝ позавиделе и двојно помладите колешки.

Хелена е една од ретките манекенки што го нема менувано својот изглед со операции, филери или ботокс. Таа е голем противник на пластичните интервенции и повеќепати има истакнато дека сака да старее природно. Од друга страна, многу внимава на негата на кожата, редовно тренира и здраво се храни целиот живот, па логично е тоа што резултатите не изостануваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

Во една од своите колумни, поради која се нашла на удар на критики, поранешната уредничка на „Вог“, Александра Шулман, ѝ замерила на славната манекенка Хелена Кристенсен поради тоа што на роденденската прослава на Џиџи Хадид се појавила во кратка маичка од тантела.

„Во животот на секоја жена доаѓа момент кога, сакала или не, мора да ѝ ја предаде палката на идната генерација. И зошто тогаш, на свои 50 години, одлучила да дојде на 24-тиот роденден на Џиџи Хадид во невкусен црн корсет од тантела? Тоа што си го носела на 30, никогаш нема да изгледа исто на тебе 20 години подоцна. Облеката не лаже“, искрено напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena (@helenachristensen)


Хелена во една пригода открила дека својата беспрекорна става им ја должи на пливањето и фитнесот. Според фотографиите, Хелена успеала да го одржи згодното тело што го имала и на почетокот од кариерата, и со тоа ја потврдила познатата фраза дека „жените се како вино – како што стареат така стануваат сè подобри“.

Манекенската кариера на Хелена започнала во далечната 1986 година откако победила на изборот за Мис на Универзум во Данска. Набрзо стекнала титула на супермодел и заедно со познатата шестка, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Ел Мекферсон и Клаудија Шифер, испишала историја во светот на модата.

Хелена (52) се соблече за да го покаже телото на зрела жена: Можеш да изгледаш добро и без пластични операции!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.