Во 2024 година Скопје ќе биде препознатливо по уникатниот мултифункционален проект „Diamond of Skopje“

Светот во 2024-та

Куртхан Апајдин, генерален директор на „Лимак Скопје“, во интервјуто за годишникот на престижниот „Економист“, меѓу другото, ги открива и своите прогнози за претстојната година на бизнис-план.

Реализацијата на проектот Diamond of Skopje, инвестиција вредна над 350 милиони евра, влегува во завршна фаза. По отворањето на луксузниот хотел Limak Skopje Luxury Hotel, годинава беа целосно завршени двете станбени кули и предадени на станарите со што се отвори ново поглавје во урбаното живеење во градот. Отворен е и Diamond Mall и за кратко време се вброи меѓу омилените места за купување, забава и дружење. Уникатниот концепт на Diamond Mall ѝ припаѓа на сосема нова категорија објекти, наречени „лајф-центри“.

Во 2024 година, проектот ќе биде во финалната фаза на изградба со завршувањето на последните две станбени кули и ќе стане обележје на градот, бидејќи со својот концепт одлично се надградува на веќе постојните содржини во центарот на Скопје, истакна Апајдин.

Како ја оценувате 2023 година во однос на постигнување на планираните цели и развојот на проектот Diamond of Skopje?

Сумирано, 2023 година беше година на приспособување. Дефинитивно, по пандемијата, а и по енергетската криза, светот се промени, а се променија и условите за водење бизнис. Општествата и процесите во нив станаа многу динамични, за што секако е заслужна и дигитализацијата, која забрзано се имплементира во сите сегменти. Ние во Лимак Скопје имаме јасен фокус, а тоа е проектот Diamond of Skopje, па и покрај предизвиците во нашето поблиско и пошироко опкружување, годинава ги реализиравме клучните одредници од развојот на проектот и влегуваме во завршната фаза. Инвестицијата во Diamond of Skopje достигна над 350 милиони евра и веќе станува препознатлив дел на градот, привлекувајќи посетители од поширокиот регион со своите содржини.

Годинава за нас беше многу важна. Започна со работа Diamond Mall, а првите две станбени кули од вкупно четири се целосно завршени и веќе се вселуваат. Сопствениците на становите во овие две кули имаат уникатна можност да бидат меѓу првите што ќе го почувствуваат новиот начин на домување во Скопје и пошироко. Имено, квалитетот на становите и целокупниот концепт на заедничко домување отвора ново поглавје во урбаното живеење во градот и ние сме многу горди што успеавме да поставиме нови повисоки стандарди. Во тек е изградбата на другите две кули, а интересот за купување на станови во нив е голем, што не е изненадување за нас. Купувачите сѐ повеќе бараат висок квалитет на градба и нова додадена вредност на објектите за колективно живеење.

Diamond of Skopje е вистински одговор на таквите очекувања. Комплексот располага со 772 стана со различна површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратни метри, како и 24 деловни простории, а при изградбата се користени врвни одржливи градежни материјали кои се и енергетски ефикасни. Дополнителна заштеда на енергија во становите се обезбедува со чешми со низок проток и ЛЕД осветлување на сензори и со висока топлинска и УВ изолација, поради употребата на високо квалитетни алуминиумски рамки и двослојно калено и ламинирано стакло за вратите и прозорците и фибер цементни плочи со густа двослојна камена волна на фасадата.

Квалитетот на градбата е многу важен аспект, но и структурниот интегритет е од исклучително значење, а структурниот дизајн е направен во согласност со највисоките локални и меѓународни критериуми за дизајн и одобрен од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Исто така, сакам да го истакнам и социјалниот аспект кој го има само во нашиот комплекс. Станарите имаат пристап до Д–плус концептот, кој го сочинуваат соодветно опремени простории за видеоигри, за караоке, за забави и музика, приватно кино, како и простории за пилатес.

Diamond of Skopje има и зелена површина од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација и безбедно детско игралиште во непосредна близина на домот. Оттука, сопствениците на станови всушност во рамките на комплексот можат да ги задоволат сите свои потреби. Дополнително, отворањето на Diamond Mall овозможи сосема нова димензија и додаде нова вредност за жителите на кулите, но и за другите жители на Скопје, како и за неговите посетители. Дел од комплексот е и Limak Skopje Luxury Hotel, кој почна прв со работа од сите сегменти на Diamond of Skopje.

Годинава, хотелот одбележа две години од своето работење и тоа со одлични оценки за квалитетот на услугата, при што на порталот Booking.com е оценет со висока оценка.

На што се должат ваквиот успех и исполнувањето на плановите и покрај многуте економски предизвици?

Постојат повеќе фактори за тоа. Покрај нашата посветеност, би го потенцирал нашето големо искуство и поддршката што ја добиваме од групацијата. Лимак Скопје е дел од групацијата Лимак, која е присутна во различни сектори, вклучувајќи го и градежништвото. Како една од водечките градежни компании на глобалниот пазар, рангирана на 50-то место на листата на 250 најуспешни градежни компании во светот што традиционално ја прави Engineering News Record, ние имаме огромно искуство во комплексни инфраструктурни проекти.

Би ги споменал висечкиот мост Чанак кале, новиот аеродром во Истанбул, меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата Јусуфели, која откако ќе биде завршена, ќе биде трета по големина брана во светот, и многу други. Неодамна, Лимак потпиша и договор за дизајн и изградба со Фудбалскиот клуб Барселона за реновирање и проширување на стадионот Камп Ноу.

Портфолиото на групацијата Лимак е особено значаен фактор, бидејќи во реализацијата на овие меѓународни проекти се применува големо знаење и искуство кое беше клучно и во реализацијата на нашиот проект, бидејќи на тој начин ги надминавме сите предизвици и успеавме да примениме решенија кои се иновативни и се базираат на најновите трендови во градежната индустрија. Свесни сме дека мултифункционалниот проект Diamond of Skopje на овие простори е проект кој ќе ги поставува новите стандарди и ќе отвори нова страница во урбаното живеење и делување. Тргнувајќи од тоа, нашата одговорност беше многу голема и навистина клучот за успехот на Лимак Скопје е комбинација од посветеност, знаење и искуство.

Со отворањето на Diamond Mall, Скопје доби уникатен простор за шопинг, забава и дружење. Какви се впечатоците од првите неколку месеци работа на овој трговски центар?

Иако знаевме дека Diamond Mall ќе биде едно од омилените места за купување, забава и дружење во Скопје, не очекувавме толку голема популарност уште на самиот почеток. Уникатниот концепт на Diamond Mall припаѓа на сосема нова категорија објекти, наречени „лајф-центри“. Првата целина од овој концепт ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000 m², кои на купувачите им нудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е Зоната на соништата (Dream Zone) со површина од 3.500m², која нуди најразлични едукативни и забавни атракции за деца и млади.

Третата целина е Гурманската авенија (Gourmet Avenue), која на посетителите им овозможува да бидат дел од разновидни случувања од областа на културата и уметноста, додека уживаат во вкусовите на локалната и интернационалната кујна, достапна во големиот број ресторани, кафулиња и барови кои ја сочинуваат оваа Авенија.

Друг важен сегмент е локацијата на Diamond Mall, кој не само што се наоѓа во центарот на Скопје или како што ние велиме во „срцето на градот“, туку е поврзан и со централниот плоштад и улицата Македонија, која води до него. Оттука, тој природно се припојува со центарот на Скопје и се надоврзува на постојните содржини. Diamond Mall располага со голем број влезови, кои овозможуваат лесна пристапност од кој било дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки. На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг-места.

Какви се вашите планови за 2024 година?

Влегуваме во завршната фаза од реализацијата на проектот Diamond of Skopje и сите наши активности се насочени во тој правец. Забрзано работиме на финиширање на последните две кули, со кои ќе се заокружи целиот комплекс. Станува збор за комбиниран модел составен од дел за домување и дел што го сочинуваат апартмани наменети за изнајмување за подолг престој. За двете варијанти постои голем интерес. Целиот тим на Лимак Скопје е фокусиран на завршувањето на проектот и сите негови членови посветено работат во тој правец. Таму е насочена и целокупната логистика и поддршка од страна на групацијата Лимак.

Секако, ние ги анализираме и состојбите и потенцијалите на пазарот за дополнителни можности. Анализите укажуваат дека следната година инфлацијата ќе биде ставена под контрола, иако прогнозите на меѓународните финансиски институции се претпазливи и умерени. Ветува и трендот на намалување на каматните стапки од страна на централните банки, а тоа ќе има секако позитивен ефект врз нашите активности. Сепак, останува загрижувачка состојбата на Блискиот Исток, која е главен фактор за постоењето на неизвесност на меѓународните финансиски пазари, но сепак се преземаат мерки за амортизација на последиците, што за нас во реалниот сектор е од голема важност.

Јас сум оптимист и верувам дека 2024 година ќе биде успешна година на полето на бизнисот, а исто така се надевам дека сите судири ќе се надминат по пат на политички договор и ќе се најде решение за мир.

Текст: Економист: Светот во 2024-та

Фото: Приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.