„Не јадат месо, вегани се, а носат Луј Витон, кој сигурно не е од зелка“: Актерката Слобода без влакна на јазикот за ботоксот

Се согласувате?

Дали Слобода Мичаловиќ има ботокс ги интересира сите, а актерката откри што е се пресудно за нејзиниот младолик изглед.

Слобода Миќаловиќ – Боба (41) важи за една од најубавите актери на српската јавна сцена. Иако ја згази петтата деценија од животот, сепак изгледа многу помладо, па годините за неа се само бројка. Меѓутоа, оваа природна убавица не е младолика туку така, таа редовно ги негува своето лице и тело.

Боба нагласува дека не подлегнала на ниедна естетска операција, но смета дека секоја жена треба да води сметка за својот изглед и редовно да оди на козметичар, но и да се негува дома. Од друга страна, предупредува, посебно младите девојки, да не подлегнуваат на ужасните трендови за убавина.

Јас не можам поради работата да имам ботокс. Не мислам дека ботоксот е трагедија, но да се користи паметно, а не да се премине границата по која се трансформираат. Но сериозен тим луѓе работат околу мене, од козметичар до некои, ете сега модерно, длабински хидратации и сешто, јас едноставно морам, поради работата. Друго е што сакам да сум негувана, немам потреба да бидам помлада одшто сум и јас ги сакам своите брчки, но сакам да сум негувана. Во тоа навистина вложувам доста“, изјави Слобода во една емисија.

Иако веќе одамна ја добила титулата за „најубава природна актерка“, Слобода откри дека ова признание ѝ олеснало, но и ја збунило.

Ми годи, но малку и ме збунува, има доста мои колешки кои се многу, многу поубави и природни и негувани. Така што, јас не мислам за себе дека сум најубава и најприродна, но секако дека ми ласка, би лажела кога би рекла дека е поинаку“, вели актерката.

Слобода додава дека многу нејзини колешки не подлегнале на „новите естетски трендови“.

Моите колешки не подлегнаа во голема мера на трендот на пумпање на образите и деформирање на лицето, бидејќи животот некако се сведе на тоа да преживуваме. Една рака витамини, една рака ова, една рака она, внимавај што јадеш, стави го ова, стави го она. Мислам дека ја губиме смислата, а тоа е тажно“, изјави драмската актерка.

Истакна дека во четириесеттите години се чувствува стабилно и задоволно.

Четириесеттите години ми донесоа да сум добро во главата, да бидам стабилна. Се’ што сакав, му благодарам на Бога, се оствари и се случи. Дали можеше да биде уште подобро – тоа ќе се види на крај, кога ќе ја повлечам цртата, но засега мојот живот е добар, јас добро се чувствувам, ништо претенциозно“, сподели актерката.

Слобода посебно истакнува дека од мала го има истиот став за тоа дека среќата доаѓа однатре, а дека скапата гардероба и парите не можат никако да ја купат искрената насмевка, онаа која доаѓа од срцето.

Јас секогаш бев од оние луѓе кои сметаа дека треба да се живее скромно, не се чувстувам подобро ако имам скап часовник или фантастични чевли. Сакам добар накит, сакам добар часовник, но можам да живеам и без нив. Мислам дека  стабилноста доаѓа однатре, а не од тоа што имам на себе. Или како што некои коментираат: ‘Јас не јадам месо, јас сум веган’, а потоа гледаш носат Луј Витон кој сигурно не е од зелка. Не разбирам, заклучи преубавата Слобода Миќаловиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.