Дали некогаш сте пробале пржена гибаница? Ќе добиете преубав вкус, а се приготвува многу брзо (ВИДЕО)

Рецепт

Разубавете го утрото со вкусно јадење.

Од кујната на нашите баби ни пристигна рецепт за пржената гибаница, која ќе стане ваше ново омилено јадење. Малечките ќе бидат посебно воодушевени со овој рецепт. Нема да ви одземе многу време.

Потребни состојки:

Тенки готови кори

200 г фета-сирење

2 јајца

100 мл јогурт

Малку прашок за печиво

Масло

Приготвување:

Издробете го сирењето, додајте ги јајцата, јогуртот, маслото и прашокот за печиво. Една кора премачкајте со смесата, превиткајте ја на половина, па потоа повторно премачкајте ја и свиткајте ја во ролна. Послужете ја топла со јогурт или кисело млеко.

Погледнете ја целата постапка:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.