Секогаш чекор пред другите: Ким повторно ја ископира Јелена Карлеуша (ФОТО)

Копија на оригиналот

Јелена Карлеуша закачи фотографија на која позира со мачка, а после нејзе, истата фотографија ја стави и Ким Кардашиан.

Јелена Карлеуша е позната по тоа што воведува нови трендови на облекување во светот на модата. Таа секогаш имаше храброст да направи нешто што другите не можат. Затоа со причина ја нарекуваат дива, а и најстрогите модни критичари секогаш го фалат нејзиниот изглед.

Не е првпат да ја видиме како светските ѕвезди ја копираат Јелена, а овој пат Ким Кардашијан закачи иста фотографија како и Јелена пред неколку месеци.

Пејачката на својот инстаграм-профил сподели доказ дека оваа идеја Ким ја презела од неа. На спорната фотографија, Јелена е облечена во трико леопард-принт и држи мачка со истите шари.

Ким Кардашијан, исто така, држи мачка со шари на леопард и носи во комбинизон со истиот принт.

Изгледаат многу атрактивно, меѓутоа, наградите и пофалбите за оваа креација апсолутно ѝ припаднаа на српската дива, а Ким очигледно гледала на профилот на Карлеуша пред да одлучи што да облече.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.