Наташа Малинкова: „2019 беше лоша година, имав две сообраќајни несреќи и ни изгоре студиото!“

Пејачката едвај чека да ги заборави лошите спомени од годината што помина

Наташа Малинкова 2019 година ја заокружи со нова песна и видео, но признава дека изминатата година и била една од најлошите и едвај чека да ја заборави затоа што имала две сообраќајни несреќи, а пред неколку месеци изгорело и музичкото студио во кое што работела со својот тим.

2019 година дефинитивно беше една од полошите за мене. Преживеав две сообраќајни несреќи, а ни изгоре и студиото во кое што работевме со мојот тим. За среќа сите сме живи и здрави, но материјалната штета навистина е голема. Едвај чекам се лошо да заборавам и искрено се надевам дека 2020 ќе ми донесе повеќе здравје и среќа, откри Малинкова.

Инаку, пејачката најлудата ноќ во годината ја помина работно и настапи во еден познат локал каде ги забавуваше гостите до раните утрински часови.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.