Најубавите свадби на домашната естрада за 2019 година – Јана Стојановска и Белов кажаа „да“ во Србија

Гламур и луксуз

2019 година дефинитивно беше година на свадба на домашната јавна сцена. Голем број на познати личности се заколнаа на вечна љубов и го изговорија судбноносното “да“, а „Убавина и здравје“ пишуваше за дел од истите. 

Прв на листата кој што направи свадба уште на почетокот на годината е голманот Борко Ристовски кој во еден познат скопски хотел во јануари ги собра сите колеги од реперезентација, но и блиски роднини и пријатели и се ожени со својата избраничка Николина со која го имаат и синот Душан. Главен гостин на свадбата секако беше малиот наследник кој се роди една година претходно.

На вечна љубов ова лето се заколна и актерката Јана Стојановска која се омажи за српскиот кошаркар Андрија Бојиќ со кого во моментов живеат во Букурешт. Двојката организираше голема свадбена веселба во соседна Србија, а неа испочитувани сите српски традиции и обичаи. Пред неколку месеци, пак, актерката на свет го донесе синот Ненад кој се роди два месеци порано од предвидениот термин, но за среќа се помина во најдобар ред и сите тројца во моментов се чувствуваат одлично.

Пејачот Александар Белов после долги години врска летово ја ожени својата избраничка, србинката Јелена. Свадбата ја направија во Крагуевац, а мегу гостите имаше и многу колеги кои запеаа во нивна чест. Запросувањето, пак, се случи неколку месеци претходно, во Охрид, на Св. Наум, едно од омилените места на Јелена. Инаку, парот веќе неколку години живее во Крагуевац, а Белов и понатаму се занимава со музика.

Менаџерот Кристијан Стефановски летово и кажа “ да“ на својата избраничка Ана Стојковска со која претходно беше седум години во врска. Двојката направи гламурозна свадба ,а  на истата присуствуваше цела македонска, но и регионална естрада.

Здравко Чолиќ, Жељко Самарџиќ, Владо Георгиев, Лозано, Виолета Томовска, Некст Тајм, Елвир Мекиќ и Јован Јованов… беа само дел од гостите. 

Поранешниот играч на РК Вардар, Илија Абутовиќ стана македонски зет. Абутовиќ, кој сега игра за „Рајн Некар Левен“ од Германија, во јули се ожени со долгогодишната девојка, Сања Стојчевска.

Ова се само дел од двојките кои што со своите свадби ја одбележаа годината што полека изминува. Нека им е со среќа на сите и чекаме принова во 2020 година!

Фото: Инстаграм и Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.