Наташа Беквалац на прагот на петата деценија: „Не ја загубив вербата во љубовта“

Таа е централна тема во нејзиниот живот

Фото: принтскрин Инстаграм

Наташа Беквалац наскоро ќе наполни 40 години, а како што вели и самата, воопшто не се плаши од годините, туку настојува животот да го помине во радост.

Влегувам во години во кои се’ помалку се плашам од работите, а особено од своите родендени, годините што следуваат. Годините, животот и сето она што тој го носи ги прифаќам со радост затоа што сум свесна за минливоста на нештата, па затоа моите приоритети ги подредив по сопствен вкус, а најголемите болки и порази ми имаат донесено најмногу добро и во основа се мои победи“, искрена е пејачката, која открива што е најважното што го научила до својата 40-та година:

 

 

View this post on Instagram

 

Jako čudni neki dani…ne znam da li sam ok ili uopste nisam ok🙄

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

Да го живеам животот радувајќи се и да сум среќна што можам да давам. На тој начин да им обезбедам на моето семејство и насакани да живееме во љубовна атмосфера и мир, што е за мене суштина на животот.“

Наташа отсекогаш беше искрена и во јавноста ретко ги криеше своите стравови, победи, но и порази. Како што самата открива, и понатаму се бори да живее во свет без лаги, а тврди дека и по трите неуспешни брака не ја загубила вербата во љубовта.

Сега гледам поинаку на машко-женските односи, но се’ уште верувам во љубовта. Таа е секогаш централна тема во мојот живот, околу неа се врти се’, заради неа се живее“, искрена е Беквалац.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.