Наташа Беквалац: „Лука веќе не го доживувам како маж и тоа е страшно!“

Кукавиците се најлоши

Неодамна заврши бракоразводната парница меѓу Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ. Сепак, точката на нивната љубов беше ставена само три месеци по раѓањето на нивната ќерка Катја, во февруари 2018 година. Тогаш Лука физички ја нападна Наташа откако таа пронајде пораки во неговиот мобилен телефон кои и’ укажаа дека не и’ е верен.
Пораките беа знак дека не се разликува од повеќето мажи. Ударите не ме болеа толку колку што ме болеа лагите со кои се борев подоцна. А прегратката беше доказ дека имав работа со човек за кој се снимаат филмови“, истакна пејачката за „Информер хит“ и додаде:

Тоа се многу непријатни ситуации, се кршиш во себе. Но организмот ти се темпира така што во миговите на соочување во просторијата која е два на два, вистината и љубовта се она што прави да останеш да стоиш и да бидеш силна“, раскажа Наташа и истакна дека Лука го гледа со сосема поинакви очи денес.

На првото рочиште кажав дека љубовта не може да исчезне преку ноќ, па така ни кај мене. Но исчезнува кога тој некој ќе се потруди да исчезне, едноставно ја снемува. Од ден во ден само опаѓа. Жал ми е, но јас веќе не можам да го доживеам како маж, а тоа е поразително и страшно. Кукавиците се најлошо нешто“, заклучи популарната пејачка.

Фото: АТА Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.