Анџелина Џоли ги разголи душата и телото: Гола на насловната страница (ФОТО)
Анџелина Џоли тешкиот период што го обележи разводот со Бред Пит го остави зад себе, што се гледа по неа, па така, на изненадување на многумина, позираше за насловната страница на „Харперс базар“ без облека на себе.
Во оваа пригода популарната актерка одлучи да ги разголи душата и телото, па без воздржување зборува за разводот, за нејзините шест деца, но и за желбата да го продолжи животот надвор од границите на Америка.
Би сакала да живеам надвор од Америка, и ќе го направам тоа штом ќе наполнат 18 години моите деца. Во моментов мора да бидеме во близина на нивниот татко“, откри 44-годишната актерка и додаде дека од минатото носи голем број видливи и невидливи лузни.
Потешко ми е да се носам со оние невидливите. Животот носи многу промени. Понекогаш те боли, а понекогаш гледаш како ги боли оние што ги сакаш и не можеш да бидеш слободен онолку колку што посакува твојот дух. Сега чувствувам како крвта да ми се враќа во телото“, раскажа Анџелина.
Фото: Инстаграм @harpersbazaarus, @queenofhollywoods, Getty Images