Вака вистинската Французинка се облекува наесен!

Брижит Макрон!

За време на дводневната посета на Кина, Макрон прошетала неколку одлични модни комбинации

Францускиот претседателски пар Емануел и Брижит Макрон отпатувале на дводневна посета на Кина.

Ги дочекал лично кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговара сопруга Пенг Лиуан.

Додека мажите биле на состанок, првите дами се упатиле во средно училиште во Шангај, каде што учениците и наставниците ја поздравиле Брижит со громогласен аплауз и цвеќе.

Учениците имале можност да им поставуваат прашања на Брижит и Пенг, кои присуствувале на часовите. Посебно уживале додека ги набљудувале учениците како учат да изработуваат традиционално оригами и рачен вез.

Првата дама на Кина истакнала дека културата може да ги победи и времето и далечината и да зближи потполно различни луѓе.

Брижит, воодушевена од љубовта што кинеските ученици ја имаат кон француската култура, но и од кинеското наследство, па ги охрабрила децата за програма за размена на ученици.

Она што никако не успеало да остане незабележано е модната комбинација што ја одбрала првата дама на Франција.

Строгоста на деловниот црн комплет составен од црни панталони и долго сако, Брижит го ублажила со нежно бела блуза со цветен дезен.

За посетата на музејот Помпиду во Шангај, кој уште го нарекуваат и „Дипломатски музеј“, Брижит се поиграла со боите и дезените, како што само една Французинка умее.

Повторно строго деловна, но и многу шик, Брижит отишла во музејот во тесни тегет панталони, салонки во иста боја и блуза со впечатливи копчиња што се врзува околу вратот.

Во комбинацијата доминирал сив капут со интересна црна геометриска шара, а стајлингот го заокружила со црни очила за сонце и дискретен накит.

До заедничката вечера Брижит имала време да се преслече уште еднаш и да ја прилагоди облеката на пригодата, па така облекла црн елегантен фустан што ја следи линијата на телото, врз кој облекла црн капут, а монотонијата ја разбила со долг шал во прекрасна нијанса на виолетова боја.

По вчерашниот успешен ден, Брижит во исклучително елегантно издание со првата дама на Кина отишла на свечена церемонија во Големата народна сала во Пекинг.

До крајот на службената посета што завршува денес, Брижит и Емануел Макрон имаат уште неколку активности, па љубителките на модата со нетрпение ги очекуваат новите шик модни комбинации, на какви што сме навикнале кога е во прашање познатата Французинка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.