Наташа Беквалац го доби старателството: Лука Лазукиќ наместо за ќерката, се борел за минимална алиментација

Еве колку ќе плаќа за Катја

Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката Наташа Беквалац го добила старателството над ќерката Катја откако се разведе минатата година со третиот сопруг Лука Лазукиќ.

Имено, Лука ја гледал нивната ќерка под одредени услови откако пејачката го пријави за семејно насилство и откако е осуден на условна казна од осум месеци затвор во случај да го повтори делото во рок од три години.

Потоа следуваше судска битка за старателство над ќерката, пренесува српски „Телеграф“.

Судот кон крајот на годината донесе одлука само Наташа да биде старател, а Лука има право да ја гледа Катја секој втор викенд. Тој не се ни бореше да добие еднакво старателство, но затоа се избори да плаќа најминимална алиментација, која им се доделува на социјалните случаи“, открива извор за pink.rs, и додава:

Фото: „Свет“

Лука пријави минималец и судот одреди дека тој мора да плаќа 12.000 динари (околу 100 евра) месечно.“

Како што пренесуваат медиумите, Наташа Беквалац планира сите пари што ќе ги уплати Лука да ги става на штедната книшка на Катја.

Лука ќе продолжи да го гледа детето во строго контролирани услови додека не заврши процесот за семејно насилство кој е во тек, а дури потоа ќе може да ја гледа ќерка си во редовни услови, пишва гореспменетиот весник.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.