Што треба да има еден маж за да ја импресионира Наташа Беквалац? Пејачката искрено откри!

Каков маж и е потребен на Беквалац?

Познатата ѕвезда Наташа Беквалац ги сумираше впечатоците за крајот на оваа година, истакнувајќи дека 2023-та и била доста итензивна година.

Цела година ми беше доста интензивна, но не се разликува многу од претходните. Тоа е темпото на кое сум навикната, особено во овој период од годината кога сите сме во предновогодишно расположение, енергијата е добра… Кога сме живи и здрави немам претерани желби. Во принцип, навикната сум да го барам она што ми е најважно во животот: да живеам убаво во мир и здравје. Беше фантастична, година исполнета со подеми и падови… – вели Наташа, од која публиката очекува солистички концерт во 2024-та година.

Пејачката прозборе и за својот приватен живот, искрено откри што треба да има еден маж за да ја импресионира.

Веќе не знам ни да зборувам на таа тема, но немојте да мислите дека сум, не дај Боже, во улогата на незаштитена или некаква жртва. Темава одамна не ми е присутна во животот, појма немам што треба да има мажот или што не треба да има. Го оставам животот да си оди, и силно верувам во животот, верувам дека ако си добар и благороден човек, такви работи ќе ти се случуваат. Не мора да биде само за оваа сфера, животот е спектар на теми, тоа е само тема што ги окупира жените, но не како мене, отидов на друга страна, – вели Беквалац

 

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.