Убава вест: 45-годишната актерка е бремена!

Клои и Синиша го чекаат првото дете

Актерката и манекенка Клои Севињ (45) и нејзиниот партнер Синиша Мачковиќ, директор на уметничката галерија „Карма“ во Њујорк, чекаат дете.

Двојката е во врска една година, а како што пренесуваат странските медиуми, Клои е во петтиот месец од бременоста.

Голема благодарност за плодната година, за многу љубов и голема благодарност до сите мои пријатели и соработници“, Клои порача на својот инстаграм-профил.

Ѕвездата на хит-серијата „Американска хорор-приказна“ во почеток на декември се појави на доделување на наградите Gotham Independent Film Awards, а трудничкото стомаче веќе и’ се наѕираше. Добитничката на голем број награди, меѓу кои и на „златен глобус“, паралелно со актерската кариера ниже успеси и во модниот бизнис и одамна ја нарекуваат „икона на стилот“. И нејзе и на Синиша ова ќе им биде прво дете.

Текст и фото: Gloria.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.