Најморничавиот експеримент на светот покажал какви се луѓето: Резултатите се шокантни и потполно неочекувани!

Научниците биле изненадени

Научниците создале идеален свет кој се претворил во пекол!

Идејата за „Вселена 25“ потекнала од американскиот научник Џон Калхаун, кој создал „идеален свет“ во кој ќе живеат и ќе се размножуваат стотици глувци. Врз основа на тој експеримент, научниците сакале подетално да го објаснат човечкото општество. Меѓутоа, резултатот ги шокирал.

Научниот труд на Калхаун бил користен како модел за толкување на општествениот колапс, а неговото истражување послужило како фокусна точка за проучување на урбаната социологија.

За каков експеримент станува збор?

Конкретно, Калхаун изградил таканаречен „глувчешки рај“, во кој глодачите имале многу храна и вода, како и голем животен простор. Во него ставил четири пара глувци, кои се размножувале со молскавична брзина.

Сите ги изненадило тоа што по 315 дена, нивната репродукција почнала значајно да опаѓа. Кога бројот на глодачи достигнал 600, меѓу нив се формирала хиерархија и тогаш се појавиле таканаречените „сироти луѓе“.

Дошло до меѓусебни конфликти, поголемите глодачи почнале да ја напаѓаат групата. Мажјаците, верувале или не, почнале „психички да паѓаат“. Последиците се пренеле и на женките, кои се чувствувале незаштитено, па агресијата ја насочиле кон своите потомци.

Како што минувало времето, станувале сè поагресивни, што предизвикало драстично намалување на репродуктивното расположение. Бил забележан низок наталитет, а истовремено и пораст на морталитетот кај помладите глодачи.

Тогаш се појавила нова класа на машки глодачи, таканаречените „убави глувци“, кои воопшто не ги интересирало парењето со женките или борбата за превласт. Само им било важно добро да јадат и да спијат.

Во еден момент, „убавите мажјаци“ и „изолираните женки“ го сочинувале поголемиот дел од жителите. Со текот на времето, морталитетот на новороденчињата достигнал 100 отсто, а репродукцијата нула отсто. Меѓу загрозените глувци била забележана хомосексуалност, а истовремено се зголемил и канибализмот, и покрај фактот што имало храна во изобилство.

Две години по почетокот на експериментот било родено последното младенче од колонијата. До 1973 година, експериментот го убил и последниот глушец во „Вселената“. Џон Калхаун го повторил истиот експеримент уште 25 пати и секој пат го добивал истиот резултат.

Пред 58 години го поставил рекордот во неспиење: Еве колку време издржал Ренди без сон – се борел со параноја и халуцинации!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.